Список за проверка при планирањето на безбедноста
Овој список за проверка е водач за работите што можете да ги направите за да помогнете околу безбедноста.
Ако се плашите за себе, за некој ваш роднина или клиент, телефонирајте на 000 и побарајте помош од полицијата.
За да направите телефонски повик во итен случај преку машина за пишување по телефон (TTY) или преку Националната служба за поврзување (National Relay Service), погледнете на Calls to emergency services
Безбедност во домот
Грижлива заедница
-
Секој од нас треба да преземе нешто. Речете им на некои соседи во кои имате доверба да повикаат полиција на 000 ако чујат дека има тепачка, викање или врева. Некои луѓе што живеат во станови имаат шифрирани удари по подот со ногата или чукање по ѕидот за да ги предупредат своите соседи дека треба да повикаат помош.
-
Имајте некое место каде што ќе можете да отидете ако морате да заминете од дома. Имајте ги телефонските броеви на роднините и пријателите во вашиот паричник или во вашиот мобилен телефон.
-
Имајте си ваш сопствен мобилен телефон и план за него (најдобро таков што се плаќа однапред) за да можете да останете во контакт со луѓето, а да не може никој да ви ги проверува телефонските повици од телефонската сметка или од списоците на повици.
-
Имајте подготвен план за бегање во случај да почувствувате дека работите може да се влошат.
Изработка на план за бегање
-
Испланирајте и извежбајте брзи начини за излегување во итен случај од сите простории во вашата куќа/стан.
-
Држете некаде мала торба за бегање со резервните клучеви, важните документи, некоја специјална играчка за децата и со малку резервни готови пари во случај да треба да заминете набрзина. Ако ви требаат лекови што се добиваат на рецепт, чувајте резервен рецепт во вашата торба за бегање.
-
Оставете ги резервните клучеви, важните документи, фотокопиите од банковните и кредитните картички, итн. кај некој роднина, пријател или лице во кое имате доверба.
-
Ако имате било какви проблеми со подвижноста или онеспособености, договорете се однапред со некој пријател да дојде веднаш ако му телефонирате или ако му пратите порака по телефон. Некои луѓе користат лозинка за која однапред се имаат договорено. На тој начин можете да се јавите дури и ако насилникот може да ве чуе.
-
Ако е тоа безбедно, водете дневник за насилните или заплашувачки случки. Тоа може да помогне ако треба да добиете судски налог за заштита.
Прибирање на корисни броеви
Размислете за тоа да приберете некои корисни адреси и телефонски броеви, на пример:
- локалните такси служби (достапни такси служби, ако ви се потребни).
-
телефонската линија за итни случаи во вашата држава или територија.
-
најблискиот центар за јавување во итен случај.
-
адресата на локалната полициска станица.
-
Запомнете дека секогаш може да се јавите во службата 1800RESPECT на 1800 737 732.
Безбедност по разделувањето од партнерот
-
Ако сте се разделиле од вашиот партнер, набавете надворешни светилки, дополнителни брави за прозорците или за вратата, или за влезната порта во дворот, ако сте во можност да го сторите тоа. Полицијата често ќе изврши проверка на „безбедносните додатоци“ место вас и ќе ви даде идеи како да ја зголемите безбедноста на вашата куќа или стан. Некои служби за домашно и семејно насилство или полициски служби имаат на располагање парични средства за да ви помогнат околу трошоците.
-
Променете го бројот на вашиот мобилен телефон и поставете го на „приватен“. Користете друга телефонска картичка ако треба да комуницирате во врска со децата.
-
Замолете ги државните агенции, компаниите за комунални услуги, правните фирми, лекарите, училиштата, итн. да ги чуваат доверливо вашите поединости.
-
Земете поштенско сандаче во поштата за вашата важна пошта или чувајте ја доверливо вашата домашна адреса.
-
Разговарајте со некоја служба за домашно и семејно насилство, со адвокат за заедницата или со полицијата за тоа да добиете судски налог за заштита, ако веќе немате таков налог. Таквиот налог може однапред да и посочи на полицијата некои од опасностите. Таков налог исто така може да се издаде и за да се спречи насилникот да ви доаѓа на вашето работно место.
Безбедност на јавни места или на работа
-
Паркирајте ја вашата кола на јавни места каде што има многу луѓе. Избегнувајте ги подземните паркинзи или, ако морате да ги користите, некој нека ве испрати до вашата кола.
-
Ако го видите вашиот партнер или бивш партнер, колку што можете поскоро отидете на некое јавно место каде што има многу луѓе.
-
Ако сте се разделиле од вашиот партнер, прашајте го вашиот шеф дали може вашите телефонски повици и посетители прво да бидат проверени преку приемното одделение. Ако работите на јавно место, на пример, во трговски центар, поразговарајте со персоналот за обезбедување и покажете им фотографија од вашиот бивш партнер.
-
Ако сте се разделиле од вашиот партнер, обидете се редовно да ги менувате работите што ги правите секојдневно. Кога е тоа можно, качувајте се на различни возови или трамваи, заминувајте од дома или од работа во различно време, пазарувајте на различни места или преку интернет.
-
Известете го вашиот шеф или персоналот за обезбедување за било какви судски налози со кои на насилникот му се забранува да се доближува до вашето работно место. Чувајте примерок од вашиот судски налог на работа или во чантата.
Безбедност на интернет
-
Користете јавен компјутер (во библиотека, во центар за заедницата) или компјутер од некој пријател до кој насилникот нема пристап.
-
Сменете ги или избришете ги вашиот профил на Facebook и профилите на вашите деца, или прегледајте ги повторно избраните одредби за заштита на приватноста за да го ограничите пристапот до профилите. Луѓето може случајно да откријат поединости за вашето место на живеење или за тоа каде ќе бидете.
-
Сменете ја вашата електронска адреса. Направете ја тешка за откривање – немојте да ги користите вашето име и датумот на раѓање во адресата.
-
Компјутерски техничар нека провери дали на вашиот компјутер има програми за шпионирање или програми со кои некој однадвор може да го чита она што се пишува на компјутерот.
Помош за децата
-
Помогнете им на вашите деца да можат да ги препознаат знаците што предупредуваат на опасност.
-
Разговорот нека биде практичен како другите разговори за безбедноста што можеби ги водите во врска со планирањето во случај на природна непогода, безбедност во случај на пожар, итн.
-
Вежбајте ги патиштата за бегање во итен случај – разговарајте за нив во истото време кога зборувате за начинот на постапување при пожар или ураган.
-
Подучете ги вашите деца дека не е нивна обврска да го сопрат насилникот кога е тој лут или насилен.
-
Подучете ги вашите деца каде може да се јават или каде може да отидат во итен случај. Тоа вклучува и подучување како да се јават на 000 и да побараат полиција и како да ја кажат својата адреса.
-
Известете го училиштето или детската градинка за насилството, како и родителите од училиштето во кои можете да имате доверба. Тие може да обрнат внимание на знаците за зголемување на насилството, а исто така и да помогнат во задоволувањето на емотивните потреби на вашите деца. Грижливата заедница помага децата да останат безбедни. Оставете еден примерок од вашиот судски налог за заштита во училиштето или во детската градинка, како и фотографија од насилникот, за да знаат на што да внимаваат.
Во случај на непосредна опасност, телефонирајте на 000 и побарајте помош од полицијата.
За да направите телефонски повик во итен случај преку машина за пишување по телефон (TTY) или преку Националната служба за поврзување (National Relay Service), погледнете на relayservice.gov.au/making-a-call/emergency-calls
Список за проверка при планирањето на безбедноста
Овој список за проверка е водач за работите што можете да ги направите за да помогнете околу безбедноста.
Список за проверка при планирањето на безбедноста
Developed with: Safe and Equal